Стручен академски назив: дипломиран етнолог и антрополог
Студиската програма по етнологија и антропологија се состои од 4 години (8 семестри) со што студентите добиваат 240 кредити (EKTС). Професионалната титула по завршување на првиот циклус студии и одбраната на дипломската работа е дипломиран етнолог и антрополог.
Студиската програма дава можност за понатамошна континуирана едукација на повисоко ниво т.е. втор циклус студии во различни области (модули) на етнологијата и антропологија.
Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.
Начин на финансирање
Кандидатите се запишуваат како редовни студенти финансирани од државата, редовни студенти со кофинансирање и вонредни студенти на Институтот за етнологија и антропологија.
Услови за запишување
Условите и критериумите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Право на запишување на прв циклус студии на Институтот за етнологија и антропологија имаат кандидати кои положиле државна или меѓународна матура. Право на запишување на прв циклус студии имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование во претходните учебни години (пред учебната 2007/2008 година) кои не полагале државна матура.
Листата на задолжителни предмети за студиите по етнологија и антропологија е дадена во следните табели (П - предавања, Т - теориски вежби, Л - лабораториски вежби):
Код на предметот |
Предмет | П | Т | Л | Кредити |
I семестар | |||||
ЕА 001 |
Вовед во етнологија и антропологија |
2 | 2 | 0 | 6 |
EA 002 |
Историска антропологија |
2 | 2 | 0 | 6 |
ЕА 003 | Антропологија на миграции |
2 | 2 | 0 | 6 |
Спорт и здравје |
0 | 2 | 0 | 2 | |
Изборен предмет (од листа на единицата) | 2 | 2 | 0 | 4 | |
Изборен предмет (од листа на единицата) | 2 | 2 | 0 | 6 | |
II семестар | |||||
EA 004 | Етнологија и антропологија на Македонија 1 |
2 | 2 | 0 | 6 |
EA 005 | Антропологија на фолклорот |
2 | 2 | 0 | 6 |
ЕА 006 | Етнографија и теренско истражување I |
2 | 0 | 2 | 6 |
Изборен предмет (од листа на единицата) | 2 | 1 | 1 | 6 | |
Изборен предмет (од листа на единицата) | 2 | 2 | 0 | 6 | |
III семестар | |||||
ЕА 007 | Социокултурна антропологија | 2 | 2 | 0 | 6 |
ЕА 008 | Етнолошки и антрополошки теории I | 2 | 2 | 0 | 6 |
ЕА 009 | Етнологија и антропологија на Македонија II |
2 | 2 | 0 | 6 |
Изборен предмет (од листа на единицата) | 2 | 2 | 0 | 6 | |
Изборен предмет (од листа на УКИМ) | 2 | 2 | 0 | 6 | |
IV семестар | |||||
ЕА 010 | Етнологија и антропологија на Македонија III |
2 | 2 | 0 | 6 |
ЕА 011 | Етнографија и теренско истражување II |
2 | 0 | 2 | 6 |
ЕА 012 | Етнолошки и антрополошки теории II |
2 | 2 | 0 | 6 |
Изборен предмет (од листа на единицата) | 2 | 1 | 1 | 6 | |
Изборен предмет (од листа на УКИМ) | 2 | 2 | 0 | 6 | |
V семестар | |||||
ЕА 013 | Антропологија на пол и род | 2 | 2 | 0 | 6 |
ЕА 014 | Методологија на етнолошки и антрополошки истражувања |
2 | 2 | 0 | 6 |
ЕА 015 | Етнологија и антропологија на Балканот |
2 | 2 | 0 | 6 |
Изборен предмет (од листа на единицата) | 2 | 2 | 0 | 6 | |
Изборен предмет (од листа на УКИМ) | 2 | 2 | 0 | 6 | |
VI семестар | |||||
ЕА 016 | Визуелна антропологија |
2 | 1 | 1 | 6 |
ЕА 017 | Етнологија и антропологија на Македонија IV |
2 | 2 | 0 | 6 |
ЕА 018 | Етнографија и теренско истражување III |
2 | 0 | 2 | 6 |
Изборен предмет (од листа на единицата) |
2 | 2 | 0 | 6 | |
ЕА 019 | Изборен предмет / Волонтирање во институција во траење од 1 месец |
2 | 2 | 0 | 6 |
VII семестар | |||||
ЕА 020 | 2 | 2 | 0 | 6 | |
ЕА 021 | Политичка антропологија |
2 | 2 | 0 | 6 |
ЕА 022 | Етнолошка музеологија |
2 | 2 | 0 | 6 |
Изборен предмет (од листа на единицата) | 2 | 2 | 0 | 6 | |
Изборен предмет (од листа на УКИМ) | 2 | 2 | 0 | 6 | |
VIII семестар | |||||
ЕА 023 | Економска антропологија |
2 | 2 | 0 | 6 |
ЕА 024 | Урбана етнологија и антропологија |
2 | 2 | 0 | 6 |
ЕА 025 | Етнографија и теренско истражување IV |
2 | 0 | 2 | 6 |
Изборен предмет / семинар (од листа на единицата) | 2 | 2 | 0 | 6 | |
ЕА 026 | Дипломска работа | 0 | 5 | 5 | 6 |
Листа на изборни предмети (ИЕА) | П | Т | С. | Кредити | |
ЕА 027 | Физичка антропологија | ||||
ЕА 028 | Етнологија на Европа |
||||
ЕА 029 | Етнологија на Африка | ||||
ЕА 030 | Етнологија на Австралија и Океанија |
||||
ЕА 031 | Етнологија на Кина | ||||
ЕА 032 | Етнички заедници во Македонија | ||||
ЕА 033 | Интерпретации за Балканот | ||||
ЕА 034 | Антропологија на популарна култура |
||||
ЕА 035 | Антропологија на верски заедници во Македонија |
||||
ЕА 036 | Семиологија и симболички системи | ||||
ЕА 037 | Антропологија на културно наследство | ||||
ЕА 038 | Ангажирана антропологија |
||||
ЕА 039 | Антропологија на туризам |
||||
ЕА 040 | Етнографско пишување |
||||
ЕА 041 | Етнологија на Азија | ||||
ЕА 042 | Етнологија на Америка |
||||
ЕА 043 | Етнологија на Јапонија |
||||
ЕА 044 | Вовед во методологија на етнолошки и антрополошки истражувања |
||||
ЕА 045 | Историја на етнологијата во Македонија |
||||
ЕА 046 | Антропологија на сексуалност | ||||
ЕА 047 | Македонска дијаспора – интерпретации за идентитетот |
||||
ЕА 048 ЕА 049 ЕА 050 ЕА 051 |
Антропологија на етничност Антропологија на социјализам и постсоцијализам Антропологија на ислам и христијанство Етнички заедници во Македонија |
|
|||
|
Семинари | ||||
ЕА 053 | Семинар од Политичка антропологија |
||||
ЕА 054 | Семинар од Антропологија на популарна култура | ||||
ЕА 055 | Семинар од Антропологија на религија | ||||
ЕА 056 | Семинар од Социокултурна антропологија | ||||
ЕА 057 | Семинар од Етнологија и антропологија на Балкан | ||||
ЕА 058 | Семинар од Семиологија и симболички системи | ||||
ЕА 059 | Семинар од Антропологија на пол и род | ||||
ЕА 060 | Семинар од Антропологија на сексуалност | ||||
ЕА 061 | Семинар од Антропологија на фолклор | ||||
ЕА 062 | Семинар од Методологија на етнолошки и антрополошки истражувања | ||||
|