ЕтноАнтропоЗум е списание на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во списанието се објавуваат трудови од областа на етнологијата, социокултурната антропологија, лингвистичката антропологија, теориската антропологија и другите сродни научни дисциплини. Текстовите во списанието ЕтноАнтропоЗум се рецензирани од најмалку двајца рецензенти од Р. Македонија или од странство.
По повеќегодишното работење на Институтот за етнологија и антропологија како единствена образовна и научноистражувачка институција од областа на етнологијата и антропологијата во Република Македонија, во 2000 година започна да се објавува првиот зборник на трудови. Имено, со помош на финансиската поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија списанието започна да излегува во електронска варијанта, достапна на следнава веб-локација.
Текстовите во списанието се објавуваат на македонски и на англиски јазик. Предност за објавување во ЕтноАнтропоЗум имаат домашни и странски автори со оригинални научни трудови во кои се обработуваат етнолошки и антрополошки проблеми што се од теренот на Македонија (посебно или компаративно). Следна категорија текстови со предност за објавување се оригиналните научни трудови што се однесуваат за поширокиот простор на Југоисточна Европа.
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |