Eтно клубот при ИЕА е отворен на 29 април 2022 пред долната зграда на ПМФ, во присуство на вработени и студенти од целиот факултет, со голема донаторска акција и концерт на студентскиот бенд The Rolling Etnos. Целата опрема (маси, столици, лејзи-бегови, шанк и др.) е подарена од поединци, фирми и угостителски објекти во Скопје.
Активности
Проекција на документарниот филм „Сите ќе умреме“ на Сашко Потер Мицевски со дискусија на отворено (петок 13-ти 2022).
Проекција на документарниот филм „Солнченце захаја“ (сценарио Ана Хофман, режија Стефан Красиќ) со дискусија (20 мај 2022)
Работилница со проф. Такеши Мацунага, лектор по јапонски јазик, за изработка на традиционални јапонски слатки од грав – вагаши (14 јуни 2022)
Работилница „Штеди струја-плети калчунки“ со Илина Гајтаноска (10 години), 14.10.2022
Птичарење (набљудување птици и учење за нив) во соработка со Истражувачкото друштво на студентите-биолози, двор на ПМФ и парк Гази Баба со играње на друштвената игра „Вингспен“ (19.5.2023)
Игра-дебата „Чамец за спасување“ – апокалиптично сценарио според кое Земјата која е пред колапс ја напушта вселенски брод со само едно место за студент на УКИМ кој/а ќе покаже дека нивната дисциплина е најпотребна на новата планета.
Учесници тимови од ПМФ – ИЕА, Институт за хемија, Институт за географија; Факултет за драмски уметности (победници со тајно гласање); катедра за филозофија при Филозофски факултет, специјален гостин од Факултетот за бизнис и менаџмент во Марибор (14.02.2023 Меѓународен ден на антропологијата)
Отворање на втора сезона на Етно клубот со „Црешов цвет“ – садење црешово дрво во соработка со студентите по биологија и од земјоделскиот факултет; пишување и читање хаикуа (македонски, грчки, англиски, јапонски); концерт со народни песни за билки и растенија; гледање црешов цвет под микроскоп во соработка со Ботаничка градина (31.03.2023)
Етнолошки таен Дедо Мраз (размена на подароци по принципот „кула“ на Тробријандските острови), просторија за дружење Росно цвеќе (25.12.2023)
Предавање и слушачка сесија - „Едно е да бидеш среќен, друго е да бидеш задоволен: социјалните аспекти на светскиот и домашниот хип-хоп“ од Игор Антов, магистрант на програмата по Меѓународна политичка теорија на Универзитетот Хамбург, Германија (април 2024),
Отворање на Етно-клубот
Птичарење со студентите од биологија
„Црешов цвет“
Пишување хаикуа за црешовиот цвет
Настап на Вера Милошевска („Љубојна“) на отворањето на Етно клубот
Чамец за спасување - победнички тим
Чамец за спасување - постер
Антрополошки Secret Santa
Друштвени игри
Работилница за вагаши со проф. Такеши Мацунага
Вагаши јапонски колачи
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |