Основни податоци:
Дата на раѓање: 08.03.1985
Место на раѓање: Охрид, Р. Македонија
Образование:
2020 - Стекнат степен доктор на етнолошки и антрополошки науки на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на тема: Етнолошко и антрополошко проучување на дервишкиот ред бекташи во Македонија - доктрина и пракса.
2016 - Запишан на трет циклус докторски студии на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
2015 - Стекнат степен магистер на етнолошки науки на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на тема: Етнолошко и антрополошко проучување на дервишкиот ред бекташи од село Канатларци, Прилепско.
2010 - Стекнат степен дипломиран етнолог на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на тема: Улогата на водата во верувањата и обичаите кај населението од охридскиот регион.
Професионално и академско искуство:
Од 04/2017 - Асистент на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Од 06/2015 Технички соработник - Помош при изведување настава и вежби на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Од 2008-2015 Демонстратор на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
2018 - „Дервишкиот ред халвети-хајати во Охрид“, Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија, Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.
2019 - „Етнолошко и антрополошко истражување на дервишкиот ред бекташи од село Канатларци, Прилепско, Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.
2013 - Стипендија доделена од Австриското министерство за образование, наука и култура за студиски престој на Одделението за проучување на југоисточна Европа на Универзитетот Карл-Франценс во Грац, Австрија.
2008 - „Национални традиции и евроинтреграцја“ - Ѓолечица, Република Бугарија, со трудот: Сатирична рефлексија на проблемот на Република Грција со името на Република Македонија.
22-25.4.2010 - 8-ма Меѓународна студентска конференција „Border Crossings” - Задар, Република Хрватска со трудот: Миграции и идентитет - зачувување или губење на некои етнички особености: јазик, обичаи, лични имиња - примери од македонските иселеници во село Јабука, Република Србија.
10-12.6.2016 - Културно историско наследство и современост - Ѓолечица, Република Бугарија, со трудот: Харабати-баба теќе, исламско културно наследство во Македонија, жртва на негрижата и мета на интерес помеѓу разни групи во исламот.
5.5. 2017 - Годишна конференција 4 семестар, Школа за докторски студии, Институт за македонска литература УКИМ, Скопје, Р. Македонија, со трудот: Карактеристики и современа состојба на бекташкиот дервишки ред во Македонија.
26-29.04.2018 - 16-та Меѓународна студентска конференција "Border Crossings" Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, Скопје, Р. Македонија, со трудот: Fruit salad can be delitious! - The Bektashi order of dervishes as one of the ingredients in religious salad in Republic of Macedonija.
14.05.2018 - Sufism - a bridge between cultures, Sofia, Bulgaria, со турдот: The Bektashi order of dervishes in Macedonia - Historical, geographical, cultural trends and perspectives.
16.05.2018 - Годишна конференција 6-ти семестар, Школа за докторски студии, Институт за македонска литература УКИМ, Скопје, Р. Македонија, со турдот: Поделба во бекташката заедница во Дикмен-баба теќето во Канатларци, Прилепско.
17-18.05.2019 - Софија-Скопје: културни модели и миграции, Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“ со трудот: Османлискиот изглед на Скопје презентиран низ алатката google my maps.
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
30 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 | 3 |