Соопштенија

27 септември 2022

Tрет уписен рок за прв циклус студии (28.09.2022)

* Рокови за кандидатите кои се пријавуваат на трет уписен рок :
 - Пријавување на кандидатите 28.9.2022 
 - Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг – листа) 28.9.2022 
 - Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг – листа) 29.9.2022 
 - Запишување на кандидатите 30.9.2022  

*  Упатство за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2022/23 година, Природно - математички факултет, УКИМ - Скопје  Повеќе 


НАПОМЕНА:  
1. Задолжително регистрирање на www.upisi.ukim.mk и пополнување на електронската пријава во iKnow-системот  Заклучно со 28.9.2022 г. до 13:00 ч.  
2. Задолжително прикачување на скенираните  документи:  
    - во iKnow системот   Заклучно со 28.9.2022 г. до 13:00 ч.  
    - во пратената порака на електронската адреса upisi-pmf@ukim.edu.mk    Заклучно со 28.9.2022 г. до 13:00 ч.  
3. Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување. 


31 август 2022

Министерството за образование и наука воведува стипендии за студентите по етнологија и антропологија од учебната 2022/23 година

Конкурсот за студентски стипендии на Министерството за образование и наука за академската 2022-2023 година, покрај сите досегашни ќе понуди и две нови категории на стипендии кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области.

Едната категорија ќе биде наменета за студентите запишани додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни институции на студиските програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик). Другата категорија пак, ќе биде наменета за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија.

Висината на двата вида стипендии ќе изнесува 6.050 денари месечно, а право на аплицирање имаат студентите кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година со најмалку 7,50 просечен успех. 

Воведувањето на овие нови студентски стипендии значи проширување на можностите за финансирање на студирањето на младите и уште еднаш ја потврдува заложбата на МОН за подобрување на студентскиот стандард.

извор: официјален сајт на МОН


12 август 2022

19.08 - Отворен ден на УКИМ, ПМФ и ИЕА за идните студенти

Во склоп на отворениот ден на УКИМ кој ќе се одржи во петок, 19.8 од 10-14 часот, сите институти на Природно-математичкиот факултет ќе стојат на располагање за физичка посета и информирање за програмите, начините на студирање, можностите за студентска размена и сите други нешта за кои би имале прашања или дилеми идните студенти. 

Терминот за посета на Институтот за етнологија и антропологија е од 10-11 часот. Просториите се наоѓаат на приземјето на долната зграда на ПМФ. Лице за контакт: асистент м-р Еда Старова Тахир. 


11 јули 2022

Соопштение  за ТРЕТАТА (август/септемвриска) испитна сесија во учебната 2021/2022 година

Сите информации за третата (августовско-септемвриска) испитна сесија можете да ги најдете тука 


11 јули 2022

Календар на активности за зимски и летен семестар во учебната 2022/2023 година 

Календарот на активности за зимски и летен семестар во учебната 2022/2023 година прв циклус студии можете да го симнете тука


11 јули 2022

World University Service - повик за аплицирање за дипломирани студенти и магистранти

World University Service претставува невладина организација која овозможува да се воспостави врската помеѓу дипломираните студенти и магистрантите со бизнис секторот, а пред се на оној поврзан со Германија.
Во прилог се дадени флаери преку кои можете дополнително да се информирате за отворениот конкурс за аплицирање, како и формуларот за конкурирање на тековниот конкурс кој трае до 31.08.2022.
Флаерите можат да се симнат тука.


23 јуни 2022

К О Н К У Р С за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програмина Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/2023 година

Сите информации за конкурсот можете да ги најдете тука


08 јуни 2022

(При)сеќавањето ги крепи спомените: омаж за петмина македонски етнолози

На 9 јуни (четврток) во 12 часот во просториите на Институтот за етнологија и антропологија ќе се одржи омаж за македонските етнолози Бранислав Русиќ, Вера Кличкова, Нијази Лиманоски, Ѓорѓи Здравев и Љупчо Неделков, а по повод годишнините од нивното раѓање или смрт.
Оваа година се навршија 110 години од раѓањето на проф. д-р Бранислав Русиќ, основоположникот на современата македонска етнологија. Лани, во текот на пандемијата на Ковид 19 што направи вакуум во сеќавањата и одбележувањата на значајни годишнини, се навршија 110 години од раѓањето на Вера Кличкова, бардот на македонската етнологија и етнолошка музеологија, пионерот на македонската визуелна етнологија и првата децениска директорка на Етнолошкиот Музеј на Македонија.

Во истата таа 2021 година, се наполнија 80 години од раѓањето на професорите Ѓорѓи Здравев, големиот познавач на естетиката и етнолошките вредности на народното текстилно творештво, и Нијази Лиманоски, истражувачот и посветениот општествен деец во сферата на етничките процеси во Македонија. Оваа година се навршуваат 10 години од прераната смрт на нашиот колега Љупчо Неделков, истражувач на народната култура и обредност на Македонците, Власите и Саракачаните.

Сеќавањето и заборавот нè дефинираат и како луѓе и како колектив. Избирајќи што ќе памтиме, а што ќе заборавиме го создаваме општественото сеќавање, ја создаваме традицијата на којашто толку многу се повикуваме. Во традициската култура спомените за умрените се споделуваат, обновуваат и зајакнуваат на одредени денови, големи празници, какви што се задушница и Дуовден. Токму поради таа симболика, омажот се одржува спроти овие празници, како (при)сеќавање на претходниците и колегите во нашите дисциплини.


26 мај 2022

 Летна пракса во Пивара Скопје

Coke Summership летна пракса во Пивара Скопје им нуди на студентите интензивна и детално осмислена програма која дава можност за стекнување нови знаења и искуства, развој на компетенции, градење на нови вештини и секако работа во реална средина, на реални проекти со поддршка од ментор вработен во Пивара Скопје за секој од учесниците.

Станува збор за програма наменета за сите студенти кои се во завршна година од своите додипломски студии, или пак за студенти кои се на магистарски студии на било кој Универзитет во земјата.

Летната пракса ќе се одвива во текот на месец јули, а аплицирањето за истата е веќе започнато и трае сè до 31 мај 2022 година.

Повеќе детали и можност за аплицирање за Coke Summership може да се погледнат на следниов линк


11 мај 2022

Соопштение за ВТОРА (јунска) испитна сесија во учебната 2021/2022 година

Се известуваат редовните и вонредните студенти  на  Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје, дека ВТОРАТА (летна) испитна сесија во уч. 2021/2022 година  ќе се одвива во две декади и тоа:

Втора испитна сесија   30 мај 2022 – 1 јули 2022     (две декади)

  • 10.06.2021 година е неработен ден, Духовден (петок пред Духовден)

Термините ги објавуваат институтите при факул­тетот. При правењето на распоредот треба да се внимава помеѓу двата термини, да има минимум 10 дена.(согласно  чл. 45, од од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус (додипломски студии) и  втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр.417, од 29 јануари 2019 ).

Студентите во втората испитна сесија, можат да полагаат испити, од предмети слушани во  зимскиот и во летниот семестар во уч.2021/2021 година.

Студентите за да можат да пријават испит, треба да им е  уредно   запишан и заверен летниот семестар во учебната 2021/2022 година, како и да имаат уредно добиено електронски  потпис.

НАПОМЕНА Само вонредните студенти  и редовните студенти, кои се префрлени по нова студиска програма, при пријавување на секој испит заедно со пријавата за испит треба да достават уплатница за уплатени 200,00 денари за испит, уплатени на жиро-сметката на ПМФ.

сите уплати се вршат на образец ПП50:

- назив и седиште на примач                                      ПМФ – Скопје

- банка на примач                                                     НБРМ

- трансакциска сметка                                                 100000000063095

- сметка на буџетски корисник на ПМФ                      1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                         723013 - 41 – 2

 

ЕЛЕКТРОНСКОТО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ

Втората испитна сесија во уч.2021/2022 година, во i-know системот www.iknow.ukim.edu.mk,, е внесена како 2022 (Летна) Втора испитна сесија

 и електронското пријавување на испитите, ќе се одвива од 16.05.2022 до 27.05.2021 година,  и е задолжително за сите студенти на ПМФ.

Доколку, студентот не ги извршил обврските пропишани со студиската програма од одредена предметна програма и не добил потпис, не може да пристапи на испит (согласно  чл. 39, од од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус (додипломски студии) и  втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр.417, од 29 јануари 2019 ). 

Студентот  покрај задолжителното електронско пријавување на испитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.

Доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски,  пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од  предметниот наставник.

Официјалниот распоред на испитите по денови, начинот на реализирање, просториите во кои ќе се одвиваат истите,  ќе биде  објавен на веб страниците на институтите на ПМФ.

Доколку имате проблеми поврзани со студиската програма (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс и студиска програма на следнава електронска адреса

 ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk;

За технички проблеми (заборавена лозинка, промена на мејл адреса и сл.), во пораката задолжително да се напише опис на проблемот, име и презиме на студент и мејл адреса со која е регистриран во системот.

- stefan@pmf.ukim.mk

Кратко упатство: поле "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. На оваа страница се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од студентската служба. Во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги чекиравте во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. Со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за следната сесија. Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар.

11.05.2022 година                                                                       од Деканатот, 


<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 |
© 2022. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.