Награден конкурс за фотографија, ликовни и литературни творби
Институтот за етнологија и антропологија организира награден конкурс за фотографија, ликовни и литературни творби помеѓу учениците заради популаризирање на етнолошкото и антрополошкото културно наследство во Република Македонија.
На конкурсот можат да учествуваат сите средни училишта во Скопје, и тоа на следниве теми:
1. Мултикултурните одлики на мојата татковина;
2. Фолклорот и народниот живот во Македонија;
3. Младински супкултури; градот и животот на младите;
4. Скопје - градот мој
Сите учесници можат да се натпреваруваат во следните категории:
1. Фото-есеј (eдна или повеќе фотографии)
2. Ликовни творби
3. Литературни творби
Може да се учествува индивидуално и/или групно, заедно со предметните наставници по ликовно и музичко образование, мајчин јазик, историја, граѓанско општество и други соодветни предмети.
Конкурсот трае од 15 октомври од 5 декември 2017.
Комисија составена од професори од ИЕА и од училиштата ќе ги избере најдобрите дела. Потоа ќе биде организиран посебен настан и изложба на делата во некои од училиштата и во Институтот. Вклучените училишта, ученици и наставници-ментори ќе добијат потврди за учество.
Творбите, индивидуално или групно да се испраќаат на адреса: Институт за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет, ул. Архимедова бр. 3, П.Ф. 162, 1000 Скопје, со назнака: За награден конкурс на ИЕА.
Дополнителни информации можат да се добијат на risteski@ukim.edu.mk
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
27 | 28 | 29 | 30 | 1 | 2 | 3 |
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |