Отворање на Етно клуб на отворено
Соопштение за заверка на зимски и упис на летен семестар 2021-22 година
За потребните чекори и обрасци кликнете на пдф документот.
За студентски водич за упис на летен семестар 2021-22 кликнете на сликата за зголемување.
#НашитеСветови
ИНСТАГРАМ ПРЕДИЗВИК ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ
РЕЗУЛТАТИ ОД КОНКУРСОТ ТУКА
По повод 17.2, Меѓународниот ден на антропологијата, Институтот за ентологија и антропологија при ПМФ, УКИМ ве повикува да учествувате во Инстаграм натпревар за најдобра фотографија на тема #НашитеСветови.
Како изгледа секојдневието на вашата генерација и на луѓето кои ве опкружуваат? Регистрирајте моменти на солидарност и пријателство, но и на нешта кои заслужуваат критика.
Фотографиите, со ваше име и презиме, училиште и клас испраќајте ги на iea@pmf.ukim.mk најдоцна до 15 февруари.
Трите најдобри фотографии ќе добијат награди:
- Друштвена игра „Катан“ (ново издание на македонски) од Гоблин Друштвени Игри во вредност од 2.500 денари
- Вредносен ваучер од Literatura.mk во вредност од 2.000 денари
- Занаетчиска ракотворба, подарок од социјалното претпријатие ESNAF \ ЕСНАФ во вредност од 1.000 денари
Сите дела кои ќе го поминат првиот избор ќе бидат објавувани на Инстаграм профилот на Институтот @etnoantropo.
* Правила: Фотографиите треба да бидат лично дело, не преземени од интернет. Тие не смеат да содржат навредливи содржини или да промовираат услуги или производи. Истите треба да бидат во формат погоден за објавување на Инстаграм.
Соопштение за прва испитна сесија во учебната 2021/22 година
СЕ ИЗВЕСТУВААТ РЕДОВНИТЕ И ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ДЕКА ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:
17 јануари 2022 – 11 февруари 2022 (две декади)
ТЕРМИНИТЕ ги објавуваат институтите при факултетот.
ПРИ ПРАВЕЊЕТО НА РАСПОРЕДОТ ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПОМЕЃУ ТЕРМИНИТЕ ОД ПРВАТА И ВТОРАТА ДЕКАДА, ДА ИМА МИНИМУМ 10 ДЕНА (согласно чл.45, од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019).
СТУДЕНТИТЕ ВО ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА, МОЖАТ ДА ПОЛАГААТ ИСПИТИ СЛУШАНИ ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2021/2022 ГОДИНА, КАКО И ПРЕДМЕТИ СЛУШАНИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2020/2021 ГОДИНА.
СТУДЕНТИТЕ ЗА ДА МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИСПИТ, ТРЕБА ДА УРЕДНО ДА ИМ Е ЗАПИШАН ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ. 2021/2022 ГОДИНА.
НАПОМЕНА 1 - начин на пријавување на испитите
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЕЛЕКТРОНСКОТО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ ВО ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2021/2022 ГОДИНА, ВО I-KNOW СИСТЕМОТ, ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:
27.12.2021 ДО 14.01.2022 ГОДИНА
ПРАВО НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЌЕ ИМААТ САМО ОНИЕ СТУДЕНТИ КОИ УРЕДНО ЌЕ ГО ПРИЈАВАТ ИСПИТОТ.
Соопштение за ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч. 2021/2022 год.
Се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека ноемвриската испитна сесија ќе се одвива во периодот од 22.11.2021 година до 03.12.2021 година.
Право за полагање имаат студентите кои: уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2021/2022 година и уредно им е заверен летниот семестар од уч.2020/2021 година.
Студентите во ноемвриската испитна сесија ќе може да пријават и полагаат најмногу 2 (два) испита од летниот семестар од учебната 2020/2021 година.
Задолжителното електронско пријавување на испитите во дополнителната сесија испитна сесија ќе се одвива од 05.11.2021 до 02.12.2021 г. преку електронскиот “i-know” систем.
Студентот покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.
Доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски, пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од предметниот наставник.
Термините ги објавуваат институтите, при факултетот.
05.11.2021 год. од Деканатот
Втор уписен рок - 16 и 17.9.2021
Отворен е пристапот до платформата за електронско пријавување во вториот уписен рок, за студиските програми Етнологија и антропологија (прв, втор и трет циклус) и Менаџмент и заштита на културно наследство (прв циклус)
Следете го Упатството за пријавување
Упатство за запишување на студии на Природно-математичкиот факултет во учебната 2021/22 година (прв уписен рок)
Симнете го и следете го деталното упатство за електронски упис.
Конкурс за запишување студенти во прв циклус на студиите на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при УКИМ од Скопје.
Етно:Антропо - Денови на етнологија и антропологија
25-27.06.2021 (петок, сабота, недела)
Организатор: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ
Место: Книжарница „Буква“ (позади Собрание, на отворено)
Петок, 25.6
18 часот
Средба и разговор со авторите на стрипови
„Баба Рога и другарите“ (двојазична мк/анг сликовница) од
проф. д-р Инес Црвенковска-Ристеска, Слободан Танасковски и Александра Софрониевска
„Луѓе, животни и растенија од оној свет: збирка илустрации“ од група автори
„Скопскиот дервиш“ од проф. д-р Виктор Трајановски
19 часот
Филмска премиера
„Копче: облечи си среќа!“ (во соработка со ЦК на град Скопје) од Александра Ристовски, Елизабета Павковиќ и Виктор Трајановски
20 часот
Промоција
„Антропологија на сексуалноста: родовост и промена на биолошкиот пол“
од проф. д-р Инес Црвенковска Ристеска
промотор: д-р Ана Блажева
Сабота, 26.6
18 часот
Музички настап во живо на Чалгија „Мерак“ и група студенти на ИЕА
(Шериф Мустафа, Емилија Богдановска, Дејан Матевски)
19 часот
Филмска проекција
„Кеиф: македонска чалгиска традиција“ од Блаже Дулев
20.30 часот
Промоции
„Од етноцентризам кон хуманизам“ од проф. д-р Ана Ашталковска Гајтановска
Промотор: проф. д-р Петар Тодоров
Списание ЕтноАнтропоЗум, тематски број посветен
на културното наследство на социјализмот
(уредник проф. д-р Даворин Трпески)
Промотор: проф. д-р Горан Јанев
22 часот
Филмски проекции
„Премин: постот во различни религии“ на Филип Јорданов
„Зикр: дервишкиот обред во Скопје“ на Виктор Трајановски
Недела, 27.6
20 часот
Промоции
„Антропологија на смртта“ од проф. д-р Љупчо Ристески
промотор: проф. д-р Никос Чаусидис
„Етнографски извори за Македонија. Етнолошки атлас на СФР Југославија.
Етнолошки атлас на СР Македонија. Прашање бр. 124. Раѓање, доење, прв заб, Т.1, Кн. 1 и 2“
промотор: акад. Марјан Марковиќ
22 часот
Музичко-сценски перформанс „Матен Вардар дотече: фолклорен еротикон“
рецитатори: Ѓоко Здравески, Ана Голејшка, Иван Шопов и ВИС „Тркалезна маса“ (+18 години)
БАЗАР НА РАКОТВОРБИ
МЕСТО: книжарница „Буква“ (позади Собрание)
ДАТУМ: 15.5.2021 (сабота) од 12-18 часот
Базарот е продажен, а дел од средствата ќе бидат искористени за поддршка на лице со траен инвалидитет, во соработка со Црвениот крст на Град Скопје.
Работилниците и базарот се финансиски потпомогнати од Град Скопје.