Соопштенија

11 мај 2022

Соопштение за ВТОРА (јунска) испитна сесија во учебната 2021/2022 година

Се известуваат редовните и вонредните студенти  на  Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје, дека ВТОРАТА (летна) испитна сесија во уч. 2021/2022 година  ќе се одвива во две декади и тоа:

Втора испитна сесија   30 мај 2022 – 1 јули 2022     (две декади)

  • 10.06.2021 година е неработен ден, Духовден (петок пред Духовден)

Термините ги објавуваат институтите при факул­тетот. При правењето на распоредот треба да се внимава помеѓу двата термини, да има минимум 10 дена.(согласно  чл. 45, од од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус (додипломски студии) и  втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр.417, од 29 јануари 2019 ).

Студентите во втората испитна сесија, можат да полагаат испити, од предмети слушани во  зимскиот и во летниот семестар во уч.2021/2021 година.

Студентите за да можат да пријават испит, треба да им е  уредно   запишан и заверен летниот семестар во учебната 2021/2022 година, како и да имаат уредно добиено електронски  потпис.

НАПОМЕНА Само вонредните студенти  и редовните студенти, кои се префрлени по нова студиска програма, при пријавување на секој испит заедно со пријавата за испит треба да достават уплатница за уплатени 200,00 денари за испит, уплатени на жиро-сметката на ПМФ.

сите уплати се вршат на образец ПП50:

- назив и седиште на примач                                      ПМФ – Скопје

- банка на примач                                                     НБРМ

- трансакциска сметка                                                 100000000063095

- сметка на буџетски корисник на ПМФ                      1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                         723013 - 41 – 2

 

ЕЛЕКТРОНСКОТО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ

Втората испитна сесија во уч.2021/2022 година, во i-know системот www.iknow.ukim.edu.mk,, е внесена како 2022 (Летна) Втора испитна сесија

 и електронското пријавување на испитите, ќе се одвива од 16.05.2022 до 27.05.2021 година,  и е задолжително за сите студенти на ПМФ.

Доколку, студентот не ги извршил обврските пропишани со студиската програма од одредена предметна програма и не добил потпис, не може да пристапи на испит (согласно  чл. 39, од од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус (додипломски студии) и  втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр.417, од 29 јануари 2019 ). 

Студентот  покрај задолжителното електронско пријавување на испитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.

Доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски,  пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од  предметниот наставник.

Официјалниот распоред на испитите по денови, начинот на реализирање, просториите во кои ќе се одвиваат истите,  ќе биде  објавен на веб страниците на институтите на ПМФ.

Доколку имате проблеми поврзани со студиската програма (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс и студиска програма на следнава електронска адреса

 ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk;

За технички проблеми (заборавена лозинка, промена на мејл адреса и сл.), во пораката задолжително да се напише опис на проблемот, име и презиме на студент и мејл адреса со која е регистриран во системот.

- stefan@pmf.ukim.mk

Кратко упатство: поле "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. На оваа страница се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од студентската служба. Во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги чекиравте во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. Со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за следната сесија. Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар.

11.05.2022 година                                                                       од Деканатот, 


26 април 2022

Отворање на Етно клуб на отворено

 

Место за дружба, предавања, работилници промоции. Во паркот пред долната зграда на ПМФ, во близина на Ботаничката градина, помеѓу зеленилото и верверичките. Креиран исклучиво со донации од поединци, резултат на долгогодишна потреба и желба за ваков простор за вработените и студентите.

На свеченото отворање концерт на бендот „The Rolling Etnos“ составен од студенти по етнологија и антропологија и нивни пријатели, како и специјални гости. На програмата се песни посветени на природата, љубовта, птиците. 

ФБ настан

 


31 јануари 2022

Соопштение за заверка на зимски и упис на летен семестар 2021-22 година

За потребните чекори и обрасци кликнете на пдф документот.
За студентски водич за упис на летен семестар 2021-22 кликнете на сликата за зголемување. 


24 јануари 2022

#НашитеСветови
ИНСТАГРАМ ПРЕДИЗВИК ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

РЕЗУЛТАТИ ОД КОНКУРСОТ ТУКА

По повод 17.2, Меѓународниот ден на антропологијата, Институтот за ентологија и антропологија при ПМФ, УКИМ ве повикува да учествувате во Инстаграм натпревар за најдобра фотографија на тема #НашитеСветови. 

Како изгледа секојдневието на вашата генерација и на луѓето кои ве опкружуваат? Регистрирајте моменти на солидарност и пријателство, но и на нешта кои заслужуваат критика.

Фотографиите, со ваше име и презиме, училиште и клас испраќајте ги на iea@pmf.ukim.mk најдоцна до 15 февруари.

Трите најдобри фотографии ќе добијат награди:
- Друштвена игра „Катан“ (ново издание на македонски) од Гоблин Друштвени Игри во вредност од 2.500 денари
- Вредносен ваучер од Literatura.mk во вредност од 2.000 денари 
- Занаетчиска ракотворба, подарок од социјалното претпријатие ESNAF \ ЕСНАФ во вредност од 1.000 денари

Сите дела кои ќе го поминат првиот избор ќе бидат објавувани на Инстаграм профилот на Институтот @etnoantropo.

* Правила: Фотографиите треба да бидат лично дело, не преземени од интернет. Тие не смеат да содржат навредливи содржини или да промовираат услуги или производи. Истите треба да бидат во формат погоден за објавување на Инстаграм.


22 декември 2021

 Соопштение за прва испитна сесија во учебната 2021/22 година

СЕ ИЗВЕСТУВААТ РЕДОВНИТЕ И ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ  НА  ПРИРОДНО-МАТЕ­МА­­­ТИЧ­КИ­­ОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ДЕКА ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА  ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:

17 јануари 2022 – 11 февруари  2022 (две декади) 

  • 19.01.2022 г. е неработен ден, Богојавленије-Водици (православна вероисповед),
  • 27.01.2022  г. е неработен ден, Свети Сава (српската заедница) 

ТЕРМИНИТЕ ги објавуваат институтите при факул­тетот.

ПРИ ПРАВЕЊЕТО НА РАСПОРЕДОТ ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПОМЕЃУ ТЕРМИНИТЕ ОД ПРВАТА И ВТОРАТА ДЕКАДА, ДА ИМА МИНИМУМ 10 ДЕНА (согласно  чл.45, од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019).

СТУДЕНТИТЕ ВО ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА, МОЖАТ ДА ПОЛАГААТ ИСПИТИ СЛУШАНИ ВО  ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2021/2022 ГОДИНА, КАКО И ПРЕДМЕТИ СЛУШАНИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2020/2021 ГОДИНА.

 СТУДЕНТИТЕ ЗА ДА МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИСПИТ, ТРЕБА ДА   УРЕДНО ДА ИМ Е ЗАПИШАН ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО  УЧ. 2021/2022 ГОДИНА.

НАПОМЕНА 1  начин на пријавување на испитите

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЕЛЕКТРОНСКОТО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ ВО ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2021/2022 ГОДИНА, ВО  I-KNOW СИСТЕМОТ, ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:

27.12.2021 ДО 14.01.2022 ГОДИНА

ПРАВО НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЌЕ ИМААТ САМО ОНИЕ СТУДЕНТИ КОИ УРЕДНО ЌЕ ГО ПРИЈАВАТ ИСПИТОТ.


05 ноември 2021

Соопштение за ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч. 2021/2022 год.

Се известуваат студентите од Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје, дека  ноемвриската  испитна сесија ќе се одвива во периодот од 22.11.2021 година до 03.12.2021 година.

Право за полагање имаат студентите кои:  уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2021/2022 година и уредно им е заверен летниот семестар од уч.2020/2021 година.

Студентите во ноемвриската испитна сесија ќе може да пријават и  полагаат најмногу 2 (два) испита  од летниот семестар од учебната 2020/2021 година.

Задолжителното електронско пријавување на испитите во дополнителната сесија испитна сесија ќе се одвива од  05.11.2021  до 02.12.2021 г. преку електронскиот “i-know” систем.

Студентот  покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.

Доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски,  пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од  предметниот наставник.

Термините ги објавуваат институтите, при факул­тетот.

05.11.2021 год.                                                                            од Деканатот


15 септември 2021

Втор уписен рок - 16 и 17.9.2021

Отворен е пристапот до платформата за електронско пријавување во вториот уписен рок, за студиските програми Етнологија и антропологија (прв, втор и трет циклус) и Менаџмент и заштита на културно наследство (прв циклус)

Следете го Упатството за пријавување


18 август 2021

Упатство за запишување на студии на Природно-математичкиот факултет во учебната 2021/22 година (прв уписен рок)

Симнете го и следете го деталното упатство за електронски упис. 


25 јуни 2021

Конкурс за запишување студенти во прв циклус на студиите на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при УКИМ од Скопје.


23 јуни 2021

Етно:Антропо - Денови на етнологија и антропологија
25-27.06.2021 (петок, сабота, недела)
Организатор: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ

Место: Книжарница „Буква“ (позади Собрание, на отворено)

Петок, 25.6

18 часот
Средба и разговор со авторите на стрипови
„Баба Рога и другарите“ (двојазична мк/анг сликовница) од 
проф. д-р Инес Црвенковска-Ристеска, Слободан Танасковски и Александра Софрониевска
„Луѓе, животни и растенија од оној свет: збирка илустрации“ од група автори
„Скопскиот дервиш“ од проф. д-р Виктор Трајановски

19 часот
Филмска премиера
„Копче: облечи си среќа!“ (во соработка со ЦК на град Скопје) од Александра Ристовски, Елизабета Павковиќ и Виктор Трајановски 

20 часот
Промоција
„Антропологија на сексуалноста: родовост и промена на биолошкиот пол“ 
од проф. д-р Инес Црвенковска Ристеска
промотор: д-р Ана Блажева

Сабота, 26.6
18 часот
Музички настап во живо на Чалгија „Мерак“ и група студенти на ИЕА 
(Шериф Мустафа, Емилија Богдановска, Дејан Матевски)

19 часот
Филмска проекција
„Кеиф: македонска чалгиска традиција“ од Блаже Дулев

20.30 часот
Промоции
„Од етноцентризам кон хуманизам“ од проф. д-р Ана Ашталковска Гајтановска
Промотор: проф. д-р Петар Тодоров

Списание ЕтноАнтропоЗум, тематски број посветен 
на културното наследство на социјализмот 
(уредник проф. д-р Даворин Трпески)
Промотор: проф. д-р Горан Јанев

22 часот
Филмски проекции
„Премин: постот во различни религии“ на Филип Јорданов
„Зикр: дервишкиот обред во Скопје“ на Виктор Трајановски

Недела, 27.6
20 часот
Промоции
„Антропологија на смртта“ од проф. д-р Љупчо Ристески
промотор: проф. д-р Никос Чаусидис

„Етнографски извори за Македонија. Етнолошки атлас на СФР Југославија. 
Етнолошки атлас на СР Македонија. Прашање бр. 124. Раѓање, доење, прв заб, Т.1, Кн. 1 и 2“
промотор: акад. Марјан Марковиќ

22 часот
Музичко-сценски перформанс „Матен Вардар дотече: фолклорен еротикон“
рецитатори: Ѓоко Здравески, Ана Голејшка, Иван Шопов и ВИС „Тркалезна маса“ (+18 години)


<< претходно | 1 | 2 | 3 |
© 2022. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.