Д-р Ѓорѓи ЗДРАВЕВ, (1941-2007) редовен професор е роден во Радовиш во 1941 г. Дипломирал во 1967 г. на отсекот за костимографија на Академијата за применета уметност во Белград. Во 1969 г. се вработил во Институтот за фолклор во Скопје. По магистрирањето на студиите по костимографија на Факултетот за применета уметност во Белград во 1972 г. избран е со звањето научен соработникистражувач на народна орнаментика во Институтот за фолклор во Скопје. Во 1982 г. бил избран за доцент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје по предметот костимографија. Докторирал на Одделението за етнологија и антропологија на Филозофскиот факултет во Белград во 1992 г. Истата година е избран во звањето виш научен соработник во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ а во 1997 г. и како вонреден професор на Академијата за драмски уметности во Скопје по предметот костимографија и историја на костимот. Во 1995 г. бил избран со звањето научен советник во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Во Заводот за етнологија на Институтот за географија на ПМФ доаѓа во 1998 година најпрво како предавач на постдипломските студии по етнологија за во 1999 г. да биде избран за вонреден професор по предметите: етнологија на воневропски народи II и етнологија на Македонците I. Во 2004 година е избран за редовен професор. За време на својот работен век проф. Здравев учествувал на повеќе домашни и меѓународни семинари конференции форуми и други стручни и научни собири. Има објавено повеќе од 80 стручни и научни трудови. Како најзначајни се посебните изданија на Институтот за фолклор Марко Цепенков: Народните тантели и сорки во Овчеполието Македонски фолклор 5 Скопје 1975 и Современата состојба на текстилното народно творештво и народната носија во Велешко Македонски фолклор 22 Скопје 1988. Од особена национална вредност е монографијата Македонски народни носии I Матица македонска Скопје 1996 г. којашто има неколку последователни изданија и на англиски јазик. Токму за оваа монографија Ѓорѓи Здравев во 1997 г. ја добива наградата „Гоце Делчев“ ‒ општествено признание за особени и значајни научни остварувања од интерес за Република Македонија. Исто така дел од неговото творештво претставуваат и повеќе уметнички изложби во земјава и надвор самостојни или групни преку ДЛУПУМ. Во 1987 г. од ДЛУПМ ја добива наградата „Бигорски следбеници“. Преку својата потесна специјалност-костимографијата реализирал стотина костимографски остварувања за театарски претстави како и телевизиски и филмски остварувања. За костимите во претставата „Јане Задрогаз“ добитник е на престижната „Стериина награда“ за костимографија на Стеријното позорје во Нови Сад 1975 г. За костимографијата во претставата „Ништо без Трифолио“ ја добива наградата „Војдан Чернодрински“ Прилеп 1987г. Проф.д-р Ѓорѓи Здравев почина во Скопје јануари 2007 г.
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |