д-р Нијазија Лиманоски

Предмети



Биографија

Д-р Нијазија ЛИМАНОСКИ, (1941-1997) доцент е роден на 27 јуни 1941 г. во Ростуше Долна Река. Дипломирал географија во 1979 г. а докторирал на Филозофскиот факултет во Белград Одделение за етнологија и антропологија на тема „Етносоцијалните карактеристики на исламизираните Македонци“. Професионалната кариера ја започнал како новинар преку уредник па се до директор на радио Дебар. Во 1974 г. преминал да работи како уредник новинар во службата за информации во Собранието на Република Македонија а во 1982 г. бил избран за помошник на претседателот на Републичкиот комитет за образование и физичка култура. Во 1991 г. бил именуван за потсекретар во Министерството за образование и физичка култура. Од 1994 г. е доцент на Заводот за етнологија Географски институт на ПМФ во Скопје. Д-р Лиманоски бил ангажиран јавен општествен културен научен и политички работник. Во период од 1969 до 1974 бил пратеник во Просветно-културниот собор на Собранието на СР Македонија. Бил член на Сојузот на новинарите на РМ. Тој е главниот иницијатор основоположник и претседател на Републичката заедница на културно-научните манифестации на Македонците ‒ муслимани во 1979 г. Исто така бил претседател на Здружението на етнолозите на Македонија период во којшто здружението имаше забележителни активности. Членувал и во други здруженија: Друштво на фолклористи на Македонија Македонско географско друштво член на меѓународното здружение Караденис ‒ Понт од Кишињев Молдавија. Има објавено четири книги како и над 50 научни трудови. Учествувал на десетина меѓународни собири од различен вид. Бил главен и одговорен уредник на списанието Етнолог како и на неколку изданија коишто ги издаде Републичката заедница на културно-научните манифестации на Македонците со муслиманска религија. Добитник е на повеќе награди и признанија: наградата „Климент Охридски“ за посебни остварувања во областа на просветата и културата од интерес на РМ; наградата „Гоце Делчев“ од областа на науката од интерес за Р. Македонија; наградата 10 ноември на Републичката заедница на научните манифестации на Македонците ‒ муслимани. Одликуван е со Орден на трудот со сребрен венец и со Орден заслуги за народ со сребрени зраци. Доцент д-р Нијазија Лиманоски почина во Скопје на 11 октомври 1997 г.

© 2024. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.