Д-р Крсте БОГОЕСКИ, е редовен професор (во пензија) роден на 2.11.1943 г. во с. Турје. Дипломирал на Филозофски факултет група историја во 1968 г. Бил стипендист на Владата на Франција за самостојно истражување во UNESCO - ICOM ‒ Документациониот центар и следел постдипломски курс по современа музеологија во Париз 1977 ‒ 1978 под водство на Georges Henri Riviere. Во 1978 г. на Загребското сеучилиште ја одбранил магистерската тема „Muzejska mreza u Makedoniji“,а во 1992 г. ја одбранил докторската дисертација „Model muzeoloske obrade Povijesnog razdoblja - na primjeru muzeoloske interpretacije agrarnih odnosa u Skopskoj kazi od 1839. do 1912. godine“. Од 1968 до 1995 г. работи во Музејот на град Скопје како кустос - историчар и музејски советник. Од 1995 г. работи како професор на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во изминатиот период на студиумот по етнологија држел настава по предметите Етномузеологија и Историја. На постдипломските студии по Етнологија на Македонците го предавал предметот Применета музеологија. На Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје за студентите по историја и архивистика држел настава по предметот Заштита на културното наследство. Основна преокупација му е музеолошката обработка на одделни тематски подрачја имајќи ги предвид трите музеолошки функции: заштита истражување и комуникација. Учествувал во изработката на правилници (за Стандардизација на музејската документација и сл.) и уредби (за Заштита на културните добра во вонредни состојби и сл.). На повеќепати бил советник во реализација на повремени и постојани музејски изложби во музејски институции (Музеј на град Скопје Музеј на Македонија). Има објавено над 60 трудови од коишто 10 надвор од Македонија. Поголемиот дел се поврзани со теоретските и практичните аспекти на музеологијата. Вкупниот број на усно презентирани трудови на научни и стручни манифестации е над 30 од кои 11 надвор од Македонија. Бил главен и одговорен уредник на: Museologica Macedonica списание на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (1995-2001; и на Етнолог бр. 9 и 10 списание на Македонското етнолошко друштво. Учествувал во реализацијата на 9 научно истражувачки проекти од коишто два меѓународни како истражувач и во седум домашни како раководител и прв истражувач. Бил рецензент на повеќе публикации од доменот на музеологијата и етнологијата посебно од доменот на заштитата на културните добра. Активно учествува во повеќе општествени и стручни асоцијации: член на Меѓународниот совет за музеи (ICOM) и прв претседател на МНК ИКОМ. Од 2002 до 2012 г. бил претседател на Македонскиот национален комитет на Синиот штит. Од 2008 до 2014 г. бил член на Бордот на Асоцијацијата на национални комитети на Синиот штит. Денесe советник во Бордот на меѓународниот Син штит.
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |