М-р Елизабета ПАВКОВИЌ, е родена на 5 март 1962 г. во Скопје, каде ги завршила основното и средното образование. Со степен дипломиран етнолог се стекнала во 2002 г. Во 2009 г. ги завршила постдипломските студии на Институтот за етнологија и знтропологија на ПМФ при УКИМ, Скопје, и се стекнала со степен магистер на етнолошки науки, со наслов на магистерскиот труд: „Семеен албум како извор за проучување на идентитетот кај Мијаците“. Од 2004 г. е ангажирана како демонстратор на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при УКИМ, Скопје. Во 2007 г. е избрана за помлад асистент, а во 2010 г. за асистент на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при УКИМ, Скопје. Учествувала во неколку научноистражувачки проекти. Член е Македонското етнолошко друштво. Од 2014 г. е библиотекар на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, Скопје.
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |