Конференции

16-та Студентска Конференција, 26 - 29 април, 2018 година, Скопје

  

Културното наследство на Балканот. Граници, претстави, толкувања,

практики на заштита и туристички перспективи

 

Концептите создадени во однос на поимот културно наследство се развиваат и постојано се надградуваат како резултат на сложените историски процеси. Тие се базираат на историски променливите општествени, политички, како и вредносни системи. Овие вредносни системи се признати од страна на различни центри на моќ и се, главно, поврзани со нивните интереси. Како резултат на тоа, овој процес придонесува кон создавање на разни категории / поими за културното наследство (светско наследство, национално наследство, итн.).

            Поимот кулурно наследство се состои и вклучува многу нешта, некои од нив големи, други со мали димензии и со различни нивоа на дејствување. Културното наследство може да се следи и да се набљудува во градбите, населбите и во други материјалните остатоци од минатото. Во истиот контекст, идејата за култура може да се поврзе и да се согледа и преку природните извори: на пример, земјоделството и пејсажите поврзани со него. Наследството се чува во книгите, артефактите, предметите, сликите, фотографиите, уметноста и усната традиција. Културното наследство е дел од храната што ја јадеме, облеката што ја носиме, религиите што ги практикуваме и вештините што ги учиме. Понекогаш, можеме да ги допреме и да ги видиме делата на културата; друг пат, овие вредности  се нематеријални.

            Предметите на културното наследство се полни со симболички значења. Тие претставуваат идентитети засновани на културата. Поврзаноста со традиционалните активности (ритуали и сл.) предизвикува овие објекти да создаваат чувство на заедништво. Во исто време, процесот на селекција на предметите, спомениците или настаните што треба да се зачуваат ја определува иднината на траекторијата на разни културни наративи и општествениот консензус за минатото и за сегашноста.

Од 19 век, идејата за националното наследство е клучна во однос на зачувувањето и, истовремено, преосмислувањето, ре-контекстуализацијата и реинкорпорацијата во националниот, политичкиот и општествениот контекст на современоста. Како резултат на овие идеи се создадени националните музеи и комисиите или институциите за заштита на спомениците.

Во втората половина на 20 век, спонтано се појавуваат нови движења, организации и политички групи кои се успешни во стекнувањето на потребната поддршка за зачувување на одредени аспекти на наследството на многу нации. Термините како "Светско наследство", "сеќавања на светот" се дел од концептуалните алатки што произлегоа од овој развој.

Во исто време, неодамнешните резултати во врска со практиките на културното наследство, како и формите на употреба и злоупотреба на концептите на културното наследство доведоа до силен критички пристап кон она што се нарекува "комерцијализација на наследството" и "политизација на наследство". Додека концептите на културното наследство придонесуваат за заштита на вредностите и објектите, тие исто така, честопати, играат негативна улога во уништувањето на спомениците, замената со нови, како и во оживувањето на националистичките движења и усвојувањето на екстремистички, па дури и шовинистички политики. Намерното отстранување на вредностите и објектите на наследството, од една страна, и искривените, аисториски или пропагандистички интерпретации, од друга страна, може да се детектираат во различни делови на светот. Покрај тоа, може да се следи начинот на кој овие вредности и предмети биле под влијание на различни идеологии, верски и / или политички движења.

Културното наследство во рамките на туристичката индустрија е феномен што цвета широко во светот, а бројот на „културните туристи“ кои учествуваат во овој вид туризам подеднакво расте и се множи со голема брзина. Потрошувачката на културното наследство во туристичката индустрија се смета дека се случува во различни општествени и културни околности. Понатаму, во рамките на овие глобални процеси од национално и локално значење,  се границите и граничните линии меѓу заедниците и колективните категории на идентификација кои повторно и повторно се создаваат, се преговараат и повторно се воспоставуваат.

 

Освен главната тема, на конференцијата ќе се дискутираат разни подтеми, како што се:

 

• Контекстуализирање и проблематизирање на концептите за култура и наследството во југоисточна Европа

• Религиозна, јазична, локална, рурална, урбана, етничка и национална разноликост на наследството: предизвици и можности;

• Културното наследство, туризмот, носталгијата и економскиот развој

• Културното наследство и хегемонистичките дискурси за идентитетот и разликите

• Материјалност, автентичност и идеологија

• Визуелни, текстуални и други претстави на културното наследство

• Социјалните медиуми и културното наследство

• Институции на локално, национално, меѓународно културно наследство и политиките на културата и идентитетот

• Изградба и деконструкција на границите преку културното наследство

• Нејасни граници - силни граници: Локалната и глобалната потрошувачка и културното наследство

• Загадувањето и границите или нови видови колонијализам во Југоисточна Европа;

• Управување со културните ресурси: зачувување на културното наследство

• Етнографија на современоста на Балканот: теренската работа во и за културното наследство

• Антрополошкото истражување и неговата општествена одговорност

• Антрополозите како истражувачи и антрополозите како активисти

• Студентот како автор: етнографското пишување како реален наратив;

 

Организатори:

Институт за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Мрежа „Преминување на границите“

Одделение за историја и археологија, Универзитет во Јанина

Одделение за балкански, словенски и ориентални студии, Универзитет Македонија, Солун

Одделение за етнологија и културна антропологија, Факултет за хуманистички и општествени науки, Универзитет во Загреб, Загреб

Одделение за етнологија и културна антропологија, Универзитет во Љубљана, Љубљана

Национална школа за политички студии и администрација, Букурешт

Одделение за етнологија и антропологија, Филозофски факултет, Универзитет во Белград, Белград

Одделение за историја и етнологија, Универзитетот Демокрит во Тракија

 

Учество

За учество на Конференцијата може да се пријават студенти на додипломски, постдипломски и докторски студии

 

Место на одржување на Конференцијата

Конференцијата ќе се одржи на 27 и 28 април (петок и сабота) во просториите на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје.

 

Детали погледајте на следниот линк:

http://etno.pmf.ukim.mk/ocs/index.php/border/Conferece/

 Презентациите се очекува да бидат на англиски јазик и да траат до 10 минути (плус 5 минути за дискусија).

 

Добредојдени се мултимедијални и power-point презентации.

 

Програмата на конференција ќе биде објавена на почетокот на април 2018 година. Проверете на:

http://etno.pmf.ukim.mk/ocs/index.php/border/Conferece/

http://www.border-crossings.eu/

 

Трошоци за конференција

Нема регистрациски трошоци за конференцијата

Трошоците за патување и сместување треба да бидат покриени од самите учесници.

Од учесниците се очекува индивидуално да си го организираат сместување во Скопје. За корисни информации за патувањето и престојот во Скопје проверете:

http://etno.pmf.ukim.mk/ocs/index.php/border/Conferece/schedConf/accommodation

 

 

Постапка за апликација:

Учесниците се очекува да достават онлајн апстрак на својот труд (околу 250-300 зборови), податоци за нивниот академски статус и институционална припадност до 25 март 2018 на следната адреса:

http://etno.pmf.ukim.mk/ocs/index. php / border /Conferece

 

Успешните апликанти ќе бидат известени до 31 март 2018 година.

Е-маил контакт за конференцијата: risteski@ukim.edu.mk

Контакт лице за конференција: Љупчо С. Ристески, Институт за етнологија и антропологија, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје

 

Научен комитет на конференцијата

Проф. Василис Ницијакос, Одделение за историја и археологија, Универзитет во Јанина, Јанина

Проф. Винтила Михајлеску, Национална школа за политички студии и администрација, Букурешт

Проф. Рајко Муршич, Одделение за етнологија и културна антропологија, Универзитет во Љубљана, Љубљана

Проф. Љупчо Ристески, Институт за етнологија и антропологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Проф. Слободан Наумовиќ, Одделение за етнологија и антропологија, Филозофски факултет, Универзитет во Белград, Белград

Д-р Тихана Рубиќ, Одделение за етнологија и културна антропологија, Факултет за хуманистички и општествени науки, Универзитет во Загреб, Загреб

Д-р Георгиос Агелопулос, Одделение за историја и археологија, Универзитет Аристотел во Солун

Д-р Алики Ангелиду, Одделение за социјална антропологија, Универзитет Пантеон, Атина

Д-р Василис Далкавукис, Одделение за историја и етнологија, Универзитет Демокрит во Тракија, Комотини

Д-р Василики Кравва, Одделение за историја и етнологија, Универзитет Демокрит во Тракија, Комотини

Д-р Параскевас Потиропулос, Хеленски фолклорен истражувачки центар на Академијата во Атина

Д-р Јанис Манос, Одделение за балкански, словенски и ориентални студии, Универзитет Македонија, Солун

М-р Виктор Трајановски, докторанд, Институт за етнологија и антропологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

М-р Еда Старова, докторанд, Институт за етнологија и антропологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Андреј Татарчевски, студент, Институт за етнологија и антропологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

 

 

Организациски комитет

Проф. Василис Ницијакос, Одделение за историја и археологија, Универзитет во Јанина, Јанина

Проф. Винтила Михајлеску, Национална школа за политички студии и администрација, Букурешт

Проф. Рајко Муршич, Одделение за етнологија и културна антропологија, Универзитет во Љубљана, Љубљана

Д-р Јоанис Манос, Катедра за балкански, словенски и ориентални студии, Универзитет на Македонија, Солун

Проф. Љупчо Ристески, Институт за етнологија и антропологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Проф. Мирјана Мирчевска, Институт за етнологија и антропологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Д-р Илина Јакимовска, вонр. проф., Институт за етнологија и антропологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Д-р Даворин Трпески, доц. проф., Институт за етнологија и антропологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Д-р Ана Ашталковска Гајтаноска, вонр. проф., Институт за етнологија и антропологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Д-р Инес Црвенковска Ристеска, доцент, Институт за етнологија и антропологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Проф. Слободан Наумовиќ, Одделение за етнологија и антропологија, Филозофски факултет, Универзитет во Белград, Белград

Д-р Тихана Рубиќ, Одделение за етнологија и културна антропологија, Факултет за хуманистички и општествени науки, Универзитет во Загреб, Загреб

Д-р Георгиос Агелопулос, Одделение за историја и археологија, Универзитет Аристотел во Солун

Д-р Алики Ангелиду, Одделение за социјална антропологија, Универзитет Пантеон, Атина

Д-р Василис Далкавукис, Одделение за историја и етнологија, Универзитет Демокрит во Тракија, Комотини

Д-р Василики Кравва, Одделение за историја и етнологија, Универзитет Демокрит во Тракија, Комотини

Д-р Параскевас Потиропулос, Хеленски фолклорен истражувачки центар на Академијата во Атина

Георгија Рина, докторанд, Одделение за социјална антропологија, Универзитет Пантеон, Атина

М-р Виктор Трајановски, докторанд, Институт за етнологија и антропологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

М-р Еда Старова, докторанд, Институт за етнологија и антропологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Андреј Татарчевски, студент, Институт за етнологија и антропологија, докторанд, Институт за етнологија и антропологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Македонско студентско етнолошко и антрополошко друштво,

Институт за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје


© 2024. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.